Овие секојдневни навики се многу опасни за вашето здравје

Некои секојдневни навики колку и да изгледаат безопасни можат да предизвикаат сериозни инфекции и негативно да се одразат по вашето здравје.
Грицкањето нокти никогаш не е добро ниту пак привлечно. Ноктите не секогаш ви се совршено чисти па лесно е да грицнете и некоја бактерија.
Добрите очила за сонце се поскапи па затоа многумина од вас се одлучуваат за поевтини варијанти кои долгорочно можат лошо да се одразат по здравјето на вашите очи. Неквалитетните очила не ве заштитуваат од ултравиолетовите зраци кои се причинители на катаракт и други пореметувања на видот.


Седењето со скрстени нозе предизвикува проширени вени, хипертензија и оштетување на нервите во нозете.
Спиењето со перница врз глава доведува до презаситеност со јаглерод диоксид и му штети на мозокот.
Постојаното слушање музика со слушалки сериозно го оштетува слухот.
Полните и тешки ранци на вашиот грб доведуваат до сериозно оштетување на грбот и вратот и предизвикуваат страшни болки.
Високите штикли се едни од причинителите на артритис и оние кои се постојано на нив се соочуваат со сериозни болки во грбот.
Млекото со намалена масленост не содржи никакви нутриенти бидејќи е заменето со млеко во прав или синтетички добиени супстанции кои не се добри за здравјето на срцето.
Вашиот имунитет страда кога честопати останувате до доцна, а да не зборуваме за неатрактивните подочници наутро.
Прескокнувањето на појадокот го успорува вашиот метаболизам, предизвикува глад низ останатиот дел од денот со што повеќе јадете и се дебелеете.
Заспивањето со шминка по вечерното излегување е причина за многу очни инфекции и нарушување на видот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.