Овој месец прогласен за месец на македонската култура во САД

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

АХВ со нови мерки за водата во Струмица: Механичко чистење и хиперхлорирање зашто целиот систем е контаминиран
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување …
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Гласно се слушна експлозијата: Се појави видео од убиството на вработен во нуклеарната централа во Запорожје
Андреј Коротки, висок припадник на обезбедувањето во нуклеарната централа Запорожје, најголемиот објект …
Кривична пријава за криумчарење на мигранти
Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран …
Загина тракторист од Муртино откако врз него паднала железна шипка
На 04.10.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека …

Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.
-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.
Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.
Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.
Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.
Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.