ОВЕН
Работa: Потрудете се обврските да ги завршите кога сте ветиле. Не е време да ги избегнувате своите работи.
Љубов: Многу брзо ќе се оствари ново познанство со личност која ќе покаже дека искрено и значите.
Здравје: Мал пад на енергија.
БИК
Работа: Вредно работите и важно ви е на ова поле да дојдете до остварување на своите желби и амбиции. Посветени сте на работата максимално.
Љубов: Немате дилеми по прашањето на своите желби на љубовен план.
Здравје: Менувајте го стресниот начин на живот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ги решавате проблемите кои се создале не по ваша, туку по туѓа вина. Неправда ве погодува.
Љубов: Можно е да имате додворувач(ка) кој се труди околу вас, но вие едноставно не сте заинтересирани.
Здравје: Ќе ви годи медитација.
РАК
Работа: Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивни околности и дека ќе ви се укаже факторот среќа.
Љубов: Пред вас се убави промени кога е во прашање љубовта. Партнерот ви подготвува изненадување.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Исклучително поволен ден за работни промени ве очекува. Ситуацијата може да излезе и подобро од она што сте го замислиле.
Љубов: Имате многу добар однос со саканата личност. Добро се чувствувате кога сте заедно.
Здравје: Добро.
ДЕВИЦА
Работа: Доколку планирате работно патување, може да очекувате дека тоа ќе биде многу добро за вас.
Љубов: Може да имате многу интересен однос со личност со која флертувате веќе некое време.
Здравје: Полни сте со енергија и ви годи активност.
ВАГА
Работа: Ви доаѓа подобрување кога е во прашање полето на финансии. Подгответе се да направите некои важни промени.
Љубов: Добивате внимание од личност која ви значи и се надевате дека ќе влезете во врска.
Здравје: Чувствувате подобрување.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате прилика да покажете колку сте посветени на своите обврски. Надредетени ќе умеат да го ценат вашиот труд.
Љубов: Препуштете се на своите чувства и уживајте во убавите моменти со саканата личност.
Здравје: Потребен ви е одмор.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ќе бидете сосема растоварени и без големи обврски во текот на денешниот ден. Не би требало да бидете загрижени.
Љубов: Можно е односот со вашиот партнер да не е добар и потребно е некои работи да ги менувате.
Здравје: Внесувајте повеќе вода.
ЈАРЕЦ
Работа: Сте решиле своите работи да ги држите во тајност уште некое време. Не дозволувате туѓата желба за откривање да ви расипе се.
Љубов: Можно е односот со саканата личност да влегува во фаза на чести караници и голема тензија.
Здравје: Потребен ви е одмор.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можно е да не сте добро организирани и да ви е многу тешко сите обврски кои ги имате, да ги остварите за еден ден.
Љубов: Партнерот нема доволно доверба во вас, и караниците стануваат се почести.
Здравје: Алергиски реакции.
РИБИ
Работа: Ако сакате да бидете почитувани на полето работа, морате да покажете дека истата почит умеете да ја покажете пред другите.
Љубов: Не ви годи љубомората која ја покажува партнерот и се оддалечувате од него.
Здравје: Поработете на подобра исхрана.