Овој човек сакал да лажира повреда за да земе пари од осигурувањето: Не само што глупаво паднал, туку и заборавил на камерите

57-годишниот Александер Голдински од Њу Џерси одлучил да исценира пад во кантината за да добие пари од осигурувањето.
Тој истурил коцки мраз на подот, проверил дали има некој во близина и потоа полека легнал на земјата, чекајќи некој да го најде.
Голдински е уапсен поради “лажен пад”, а како што наведуваат од полицијата, инцидентот се случил помеѓу септември и ноември минатата година.

“Ваквите лажни обвиненија им нанесуваат штета на сите и ќе го гониме секој кој сака на илегален начин да манипулира со системот”, изјавил тужителот Ендру Кери.
Погледнете го видеото кое го насмеа светот:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.