Огнената група му се закани на претседателот на младината на Левица: Не сакам да ти се случи нешто!

Почитуван Марио, многу ми е жал од тоа што го видов што си направил во Паркот Украина.

Морам да ти кажам дека ова што го правиш и мислиш дека е хероизам, со покривање на едно знаме со стикер, која што е ставена во име на слободата и жртвите на Украина , сметам дека е фашисиштички акт.

Огнената група му се закани на претседателот на младината на Левица: Не сакам да ти се случи нешто!

Но исто така сакам да ти кажам дека друг пат кога ке доагаш во Општина Чаир, јави ми се да те чекам како што треба да се почека еден гостин од друг град, пошто не сакам да ти се случи нешто, пошто знаеш: Чаир.

Фејсбук статус на претседателот на Советот на општина Чаир и член на Огнената група, Јетмир Асани.

Паркот во Чаир во кој се наоѓаа бистите и спомениците на македонските партизани и учесници во НОБ, пред неколку дена беше преименуван во „Парк Украина“, а на овој чин на бришење на македонската меморија за анти-фашистичкото минато присуствуваа градоначалникот Висар Ганиу и амбасадорката на Украина Лариса Дир. Ова подгазување на македонското анти-фашистичко минато и македонските партизани од Црвена Младина го оценија како крајно недопустлив по што се впуштија во акција како што саркастично велат на исправување на „намерната или ненамерна грешка“.

„Денес Црвена Младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои кој беше именуван Украина, го преименувавме АСНОМ. Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие“ – стои во објавата на Црвена Младина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.