Ограбени сопругата и ќерката на Мурињо

Сопругата и ќерката на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо биле ограбени во Лондон. Португалецот поради тоа во понеделникот итно отпатувал за Лондон и попладнето се вратил во Мадрид.

Ова го објавија шпанските медиуми без да наведат повеќе детали поврзани со инцидентот. Сопругата и ќерката на Мурињо често престојуваат во Лондон, бидејќи 16-годишната Матилда наскоро треба да ги започне своите студии во англиската престолнина. Тренерот на Реал, во февруари, купил стан во Лондон. Инаку, Мурињо неодамна кусо време престојуваше во Лондон, што од страна на медиумите беше протолкувано дека тој ќе се врати на клупата на Челзи.
Makфакс
Сопругата и ќерката на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо биле ограбени во Лондон. Португале

Пронајдете не на следниве мрежи: