Вчера на излезот на село Стојаково била пронајдена огромна мртва змија, најверојатно е питон.
„Змијата ја најдов мртва до нашиот имот. Ја забележавме со татко ми и направивме некоја фотографија и видео. Такви змии во нашиот регион досега немаме забележано. Мислиме дека некој ја фрлил змијата тука. Најверојатно била нечие домашно милениче и умрела. На змијата немаше видливи траги дека е насилно убиена“, изјави за МКД.мк Петар Караѓошев од Стојаково.