Водачите на НАТО не и понудија на Украина покана за НАТО, но рекоа дека Украинците ќе се приклучат на воената алијанса во одреден момент во иднина.
Ова го иритираше Володимир Зеленскин, но украинскиот претседател го напушта денешниот самит со одредени опипливи награди, пренесува Телеграф.
Еве ги петте обврски ветени на Украина како резултат на состанокот во Вилнус, пренесува skynews .
Француски ракети
Франција соопшти дека ќе и се придружи на ОК во снабдувањето на Киев со ракети со долг дострел.
Оружјето, кое може да патува до 250 километри, ќе дојде од постојните француски воени залихи, изјави воен извор за новинарите, додавајќи дека тоа ќе биде „значителен број“.
Британски возила и муниција
Велика Британија соопшти дека ќе им обезбеди на Украинците повеќе од 70 борбени и логистички возила, илјадници парчиња муниција за тенковите Челинџер 2 и пакет за поддршка од околу 60 милиони евра за поправка на опремата.
Таа ќе започне и проект за формирање медицински центар за рехабилитација за украинските војници.
Обука со борбени авиони Ф-16
Коалицијата од 11 нации вети дека ќе започне со обука на украински пилоти да летаат со Ф-16. Вежбите ќе започнат следниот месец во Данска.
Тренинг центар ќе биде формиран и во Романија.
Германски патриоти
Германската влада го финализираше пакетот воена помош од 700 милиони евра за Киев, вклучувајќи два ракетни фрлачи Патриот, уште 40 пешадиски борбени возила Мардер, како и тенкови и дополнителна борбена муниција.
Норвешка поддршка
Норвешка ја зголеми воената поддршка за Украина за 2,5 милијарди круни оваа година на 10 милијарди (над 888,7 милиони евра)
Пронајдете не на следниве мрежи: