На 24.08.2024 во 23 часот на ГП Свети Наум, на влез во РСМ се пријавил Л.Х. (29) од Р.Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки и по извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.
Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.