ОДИ ВО ЗАТВОР | Ја силувал во реално шоу додека била онесвестена

Светот пред шест години беше шокиран од веста дека е извршено злосторство пред камерите во реалното шоу „Големиот брат“ во Шпанија. Учеснисникот Хозе Марија Лопез, по забавата на која учесниците консумирале алкохол, сексуално ја злоставувал учесничката Карлота Прадо додека била во несвест.

ОДИ ВО ЗАТВОТ | Ја силувал во реално шоу додека била онесвестена

Судењето започна пред 6 години, но Прадо го пријавил случајот во полиција една година подоцна. Тогаш се појавија информации дека продукцијата на реалното шоу на учесничката и покажала снимка од силувањето, во исповедник и дека и било советувано да молчи за инцидентот.

Сега, по многу одложувања, судењето конечно беше одржано, а Хозе Марија Лопез беше осуден на 15 месеци затвор. Иако парот беше во врска за време на реалното шоу, на судот беше прикажана снимка на која се слуша како пијана Карлота вели дека „не сака да има секс“, но тој продолжил да има секс на сила. Продукцијата тврди дека реагирала само кога го видела неподвижното лице и рацете на жртвата, по што сфатиле дека е во несвест.

Хозе Марија беше осуден на 15 месеци затвор, но шпанските медиуми пренесуваат дека во некои случаи, осудениците кои добиваат казна затвор помала од 2 години, понекогаш дури и не ја отслужуваат казната во затворска единица, туку во домашен притвор. На Џозе му е забрането да има контакт со жртвата 4 години и ќе треба да и плати 6.000 евра. На продукцијата на реалното шоу и беше наложено да плати казна за „недоволна поддршка на жртвите“, но сумата не беше објавена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.