Односите на Русија со НАТО се на нула, но Москва нема намера за отворен конфликт земјите членки


Односите меѓу Русија и НАТО се влошуваат, но Москва нема намера да влезе во конфликт со земја од НАТО, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко во денеска објавено интервју за руската агенција РИА новости, пренесе Хина.

Во својот коментар по повод 75-годишнината на НАТО, Грушко изјави дека односите се влошуваат „предвидливо и намерно“, а сите канали на дијалог меѓу Москва и Алијансата, Вашингтон и Брисел, достигнаа ниво на „ критична нула“.

-Дали воениот блок е подготвен за отворен конфликт со Русија? Треба да ги прашате самите членки на НАТО. Во секој случај, немаме такви намери во однос на земјите членки на Алијансата, рече Грушко.

Претседателот Владимир Путин на 24 февруари 2022 година ја почна својата „специјална воена операција“ во Украина, со наведена цел „да го спречи ширењето на влијанието на НАТО во близина на Русија“. Но, војната послужи за зајакнување на Алијансата, која се прошири на 32 членки со приемот на Финска и Шведска.

НАТО соопшти дека и помага на Украина да се бори за својот опстанок, соочена со руската агресија и дека го снабдува Киев со напредно оружје, обука и разузнавање.

Русија вели дека ова го прави НАТО де факто страна во конфликтот. Путин во февруари кажа дека директен конфликт меѓу Русија и НАТО ќе значи дека планетата е на чекор од Третата светска војна.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: