ОДНОСИТЕ СЕ ЗАОСТРУВААТ: Израел ги повлече дипломатските претставници од Турција!

Министерот за надворешни работи Ели Коен денеска ги повлече израелските дипломатски претставници од Турција „со цел да ги преиспита односите меѓу Израел и Турција“, рече тој во изјавата на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер.

Коен ја даде изјавата веднаш откако турскиот претседател Ердоган го повтори своето тврдење дека Хамас не е терористичка организација и го опиша Израел како окупатор.

Да потсетиме, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска на голем митинг за поддршка на Палестинците во Истанбул изјави дека Израел е окупатор и дека палестинскиот Хамас не е терористичка организација.

„Израелците беа многу навредени од ова. Турција ќе го претстави Израел на светот како воен злосторник. Сепак, главниот виновник зад сето ова што се случува (во Газа) е Западот. Го прашувам тој Запад, дали сакате да ја создадете атмосферата на друга крстоносна војна?

Оние кои леат крокодилски солзи над цивилите убиени во украинско-руската војна, сега немо ги гледаат убиствата на илјадници невини деца во Газа“, рече Ердоган, пренесува Anadolu Agency.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.