Од вечер повеќе од половина од Скопје без вода

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје ќе остане без вода, поради санирање на дефекти и замена на клучната водоводна цевка. Вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, а другите корисници ќе бидат без вода. За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Фи-1600, поради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Скопјани веќе почнаа да ги празнат рафтовите со шишиња со вода во супермаркетите, откако беше соопштено дека повеќе од половина од главниот град од петок вечерта ќе биде без снабдување со вода. Во голем дел од маркетите, рафтовите како што се празнат, веднаш се пополнуваат со нови шишиња. Граѓаните прават залихи, со оглед дека вода за пиење и хигиена нема да има додека целосно не се санира дефектот. Најбрзо се трошат големите туби од пет литри.

Цистерни со питка вода ќе кружат само доколку дефектот трае повеќе од 24 часа. На удар се и клиниките. Службата за општи и заеднички работи препорачува клиниките да ги презакажат елективните интервенции.

Според градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, поправката нема да трае подолго од една обична санација.

Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Да се складираат доволно вода за пиење, одржување хигиена и пиење. Се препорачува 4 литри вода по лица, а водата да се штеди и да се користи само за основни потреби. До граѓаните со апел да се следат локалните вести и објави од надлежните органи и да се почитуваат насоките дадени од здравствените власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: