Регулаторна комисија за енергетика денес одлучи бензините да поскапат за половина денар, а за исто толку да се намали цената на дизелот.
Од полноќ Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 71 денар за литар. Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.