Од трон до пропаст: Џејми Оливер става клучеви на рестораните, остава 1300 вработени на улица

Славниот готвач Џејми Оливер изјавил дека е исклучително тажен откако процесот на затворање на неговиот ланец на ресторани го презеде ревизорската куќа “KPMG”, што довело до прашање околу 1300 работни места.
Најпрвин беше погоден неговиот ланец од 23 италијански ресторани, но наскоро ќе се затворат и преостанатите ресторани “Fifteen” и “Barbecoa”.
Минатата година започна пропаста на славниот готвач кога беше принуден да додели 600 откази и да затвори 12 ресторани. Во тие моменти, од целосен колапс го спасила финансиската инјекција која ја примил од своите инвеститори.


-Знам колку е ова тешко за сите нас. Би сакал да им се заблагодарам на сите клиенти кои уживаа во нашите јадења и кои нè поддржуваа во последната деценија, беше вистинско задоволство да ве услужуваме, неодамна соопштил Џејми.
Во 2017 година, готвачот го затвори својот ресторан „Union Jacks” и престана да го издава своето списание „Jamie” кое беше публикувано речиси десет години, пишува Би-Би-Си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.