Околу Киев е формиран најмоќниот систем за противвоздушна одбрана во светот, пишува Тајмс, повикувајќи се на неименуван полковник на вооружените сили на Украина.
Сега во близина на Киев е најмоќниот систем за воздушна одбрана во светот: Патриот, Насамс, германски ИРИС-Т, С-300, француски Кротал – рече тој.
Сепак, како што истакна изворот на весникот, тие имаат проблем со недостиг на муниција.
- Не можете да планирате војна со годишно производство од 150-160 ракети Патриот. Ги трошиме за еден месец… Да почекаме есен, средината на октомври, пак ќе ја нападнат енергетската инфраструктура, без сомнение. Оваа зима ќе биде потешка од минатата – изјави украински извор.