Околу 40 отсто од родителите на своите деца им даваат лекови коишто не би смееле да ги земаат, покажува најновата студија направена од научниците на универзитетот Мичиген, објавена во научното списание New Science Monitor.Според ова истражување, многу родители на девата помлади од четири години им даваат лекови против кашлање или настинка коишто децата не би смееле да ги користат, а околу 25 отсто од родителите им даваат лекови за смирување на конгестија, ненормално собирање крв во органите и ткивата.Според ова истражување, многу родители на девата помлади од четири години им даваат лекови против кашлање или настинка коишто децата не би смееле да ги користат, а околу 25 отсто од родителите им даваат лекови за смирување на конгестија, ненормално собирање крв во органите и ткивата.Според препораките на aмериканската управа за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA) од 2008 година, лековите без рецепти не би требало да им се даваат на деца помали од ве години, бидејќи може да предизвикаат сериозни нуспојави, предупредува др. Метју Дејвис, директор на Mott Children's Hospital National Poll on Children's Health при универзитетот Мичиген.„Тие производи не го намалуваат времето на траење на инфекцијата и погрешната употреба може да нанесе сериозни штети”, додава Дејвис.„Меѓутоа, она што збунува е што тие производи честопати се означуваат како лекови за деца. Деталите обично се на задната страна на кутијата напишани со ситни букви а токму тука родителите и оние коишто се грижат за децата можат да дознаат дека не би требало да им ги даваат на деца помлади од четири години”, предупредува Дејвис.Употребувањето на лекови против кашлање и настинка може кај децата да предизвика мамурлак, бавно и плитко дишење, алергиски реакции, халуцинации, затвор на цревата, грчеви и невоедначен срцев ритам.Поради тоа научниците ги предупредуваат родителите внимателно да ги читаат упатствата за лековите и да се советуваат со педијатрите околу употребувањето на лековите коишто се издаваат без рецепт, се наведува во студијата.
MaкфаксОколу 40 отсто од родителите на своите деца им даваат лекови коишто не би смееле да ги земаат, покажува најновата студ