Олимпискиот комитет на САД сака Русите да се вратат на олимписките игри


Шефот на Националниот олимписки комитет на САД, Сузан Лајонс, повика на прием на руски спортисти на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

„Можеби е непријатно да се сфати, но исклучувањето на Русите нѐ враќа назад. Нивното враќање е навистина важно за олимпиското движење. САД ја поддржуваат потрагата по можности да се вратат во натпреварувањето спортисти кои тренирале за тоа цел живот, но ние силно се спротивставуваме на нивното враќање под националното знаме додека нивните земји се под санкции“, ја цитира Лајонс РИА Новости, повикувајќи се на интервјуто за Волстрит журнал.

Пред една недела, и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) најави дека сака повторно вклучување на спортистите од Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања, вклучувајќи и настап на олимписките игри 2024 во Париз.

„Олимпиското движење мора да биде силата која ќе обединува, а не таа која ќе разединува. Мораме да изнајдеме начини како да ја надминеме оваа ситуација и да останеме верни на својата мисија. Санкциите ќе останат на сила, но мораме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувања. Во меѓународните натпреварувања мора да важат начелата на право и правичност за сите“, изјави претседателот на МОК, Томас Бах, потенцирајќи дека опширно разговарал на темата за време на тридневното заседание на Извршниот одбор на највисоката светска спортска институција.

Руските спортисти беа суспендирани од сите меѓународни натпреварувања поради конфликтот во Украина. По инвазијата на 24 февруари, МОК им препорача на меѓународните федерации да забранат настап на руски и белоруски спортисти.

Извор: МИА

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: