Омилената поза го открива неговиот карактер

Имате две можности: или трпеливо да чекате партнерот сам да ви ги открие своите тајни – или на своја рака да ги истражите страстите кои се кријат во неговата глава. Потребни ви се само неколку ноќи за да откриете во која поза вашиот партнер најмногу ужива. А неговата омилена поза може да ви каже многу работи за него!

Заштитник
Вашиот партнер ја сака мисионерската положба? Можеби не е креативен, но е сестран. Оваа положба овозможува изливи на нежност, милувања но и див секс. “Мисионерот” не ги држи конците во свои раце само во сексот. Тој тоа го прави и во врската. Во склад со традиционалната поделба на улогите, тој истовремено се гледа како ваш заводник и ваш заштитник. Со него жената секогаш знае на што е и може да се чувствува сигурно и заштитено.

Хедонист
Тој со задоволство ве посматра, особено кога седите на него и уживате. Сака да гледа, но и да милува. Бидејќи е хедонист, се препушта и ужива кога жената се труди околу него. Тоа не е неговата мрзеливост, тој знае дека жената полесно доживува оргазам кога има контрола во љубовната игра. Оној кој во сексот контролата ја препушта на партнерката, таа можност и ја дава и надвор од спалната соба. Овој маж нема потреба својата машкост да ја докажува со игри на моќта. Мана: внимавајте секојдневието да не падне исклучиво на ваш грб, а тој да ужива во својата комоција.

Авантурист
Мажот кој тоа го прави стоечки и на брзина е спонтан. Сеедно е дали сте со него на отворено или во своите четири ѕида, со него ретко ќе стигнете до креветот. Овој маж е полн со сила, потентност и авантуризам. Благодарение на неговата нескротлива љубопитност, со него никогаш нема да се досадувате. А предиграта? Таа се случува многу порано и тоа со жешки погледи и ветувачки зборови. Сите тие спонтани уживања и авантуристички дух сепак имаат цена. Во неговите доблести не се вбројуваат долгите врски и вечната верност. Имено, мажот кој во сексот сака цврсто да стои на двете нозе по него има шанса побрзо да избега.

Мистериозен
Вие лежите на стомак, а тој ви приоѓа од задната страна. Во таа положба тој сам управува со вашата и неговата страст. Тој сака да му се предадете до крај, но сепак да остане скриен од вашиот поглед и да не ги открие сите карти. Тој е страствен маж, а сепак емотивно потежок да се сфати. Неговите чувства се вистински и длабоки, но не сака премногу блискост и држи дистанца. Полн е со планови, изненадувања, соништа и желби кои не и ги доверува на својата партнерка. Таа нејаснотија е важен дел од неговата привлечност. Ако сакате да бидете среќни со него, мора да знаете и да бидете подготвени дека тој никогаш во потполност нема да се предаде.

Приврзан
Мажите кои практикуваат страничен секс тоа го прават нежно и опуштено. Страничната положба им овозможува максимален физички контакт. Тој е обѕирен и сака и двајцата да уживате иако тоа нема да биде див секс. Топлината на заедничкиот кревет му е поважна од театрални сцени и љубовни изјави. На овој маж му е потребно подолго време за да се отвори и да зборува за своите потреби и чувства. Жената треба да го направи првиот чекор и да ги искаже своите чувства, а потоа ќе се вклучи и тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.