Омиленото јадење на Путин има само две состојки, а една од нив мора да биде од Балканот…

Подолго време се веруваше дека претседателот Владимир Путин нема некои посебни барања кога станува збор за исхраната, но неговата сопруга Људмила во книгата „Владимир Путин: Патот кон власта“, ја одгатна таа тема.
Путин и претходно, самиот истакнувал дека се обидува да се храни здраво и дека најмногу консумира овошје, а наутро преферира житарици и мед.


„Доколку морам да бирам помеѓу риба и месо повеќе сакам риба, а од месо најмногу јагнешко. Генерално сум рамнодушен кон слатките работи, не земајќи го предвид сладоледод. Се навикнав и на зелен чај, а кога патувам секогаш се обидувам да ја пробувам локалната кујна. Тоа е тоа… Вообичаено не ручам затоа што немам време. Попладне јадам некое овошје, пијам кефир, а доколку го нема тогаш претходно не јадам ништо“ – изјавил тој во некое интервју за руските медиуми.


Меѓутоа, во оваа книга Људмила тврди нешто поразлично за Путин и истакнува дека е многу пребирлив и дека е во состојба да одбие вечера доколку нешто не му се допаѓа.
Во својот семеен живот Путин се придржува на два основни принципи:
1. Жената мора да ги извршува сите домашни работи и
2. Не смеете премногу да ја фалите жената за да не ја “расипете“.
Сепак постои еден оброк кој тој би можел да го јаде во секое време, а најмногу го сака кога го подготвува неговата сопруга.
Станува збор за дунавска харинга со компири, а подготовката е могу едноставна.
Состојки:
– компир и
– дунавска харинга.
Подготовка:
Сварете го компирот со лушпа, а кога ќе се свари добро исцедете го и посолете го.
Испржете ја харингата и добро посолете ја.
Вашето јадење е подготвено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.