Секоја минута во светот се искористуваат и фрлаат три милиони заштитни маски, а многу од нив завршуваат во природата и претставуваат вистинска еколошка бомба, пренесува „Funpage“.
Заштитните маски се направени од пластичен полимер, кој што во природата шири т.н. микро и нано пластични честички со дијаметар помал од пет милиметри.
Микропластиката, вклучувајќи ја и онаа која што настанува со загадување на заштитните маски, остава во природата отровни материи, како што се тешки метали, наведува „Funpage“.
Организацијата за заштита на околината предупредува дека поради тоа што не постојат упатства како да се ослободите од заштитните маски, расте опасноста од понатамошно загадување на околината.
Микропластиката од морето често завршува во телата од морските животни, вклучувајќи ги и оние кои што ги јадеме.
Друго истражување покажало дека јадејќи моркса храна во текот на неделата, во нашето тело внесуваме пет милиграми микропластика, што е исто како еднаш неделно да јадеме фино измелена кредитна картичка.
Во Италија искористените заштитни маски завршуваат заедно со останатото ѓубре, но со оглед на количината некои специјализирани фирми веќе работат на изработка на посебни контејнери за во иднина да може да се рециклираат истите.