Бројот на загинати во Сирија најверојатно се приближува кон 70 илјади, што е речиси 10 илјади повеќе загинати отколку на почетокот од годинава, изјави во вторникот по локално време во Њујорк, високата комесарка н аОбедиентите нации за човекови права Нави Пилај.Нави Пилај го повтори повикот до Советот за безбедност при Обединетите нации и Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства (ICC) во Хаг на судрените страни во Сирија да им се испрати пората дека за своите активности ќе понесат последици.„Недостигот од консензус за Сирија и недејствувањето коешто произлегува од тоа, беше разорно па цивилите на сите страни ја платија цената“, изјави Пилај учествувајќи на расправа за човековите права.Пилај на 2-ри јануари изјави дека повеќе од 60 илјади луѓе се убиени во 23-месечниот конфликт во Сирија меѓу вооружената опозиција и силите на владата на претседателот Башар ал-Асад кој избувна по протестите инспирирани од ткн Арапската пролет во март 2011 година.На 27-ми јануари Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, којашто дотогаш обично соопштуваше поголема бројка загианти во сирискиот конфликт, соопшти дека во насилствата што избија по обидот да се предизвика заминување на претседателот Башар ал-Асад, загинале 50 илјади луѓе/Опсерваторијата која се повикува на широката мрежа активисти на теренот и медицински извори во цивилните и воените болници во Сирија, истакнува дека смртно настрадале најмалку 34.942 цивили, од кои осум илјади биле припадници на вооружената опозиција.Бројот на убиените војници, според пресметките на Опсерваторијата, изнесува 12.283, а на воените дезертери 1.619. На вкупната бројка се придаваат и 1.165 загинати чиј идентитет не е утврден. Меѓу убиените цивили, 3.679 се деца а 2.120 се жени.Според властите во Дамаск, таа бројка е двојно помала а најголемиот број од жртвите се припадници на безбедносните сили кои се борат „со терористите оркестрирани од надвор”
МакфаксБројот на загинати во Сирија најверојатно се приближува кон 70 илјади, што е речиси 10 илјади повеќе загинати от