ОН состави листа на осомничени за воени злосторства во Сирија

Идентификувани се Сиријците на раководни функции кои би можеле да бидат одговорни за воени злосторства заедно со единиците кои ги извршиле и правосудните органи треба да почнат да делуваат,објави во понеделникот во Женева, истражната комисија на Обединетите нации.

 „Време е правосудството да дејствува и го повикуваме Меѓународниот кривичен суд”, рече во понеделникот Карла Делпонте, поранешната главна обвинителка на Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ, која сега е член на истражната комисија за воени злосторства на ОН.
Таа во Женева имено го претстави најновиот извештај за насилствата и воените злосторства кои ги сториле двете завојувани страни во речиси двегодишната граѓанска војна во Сирија.
Претседавачот со оваа комисија на светската организација, Паул Пињеиро, појасни дека истражната комисија не е „правосудно тело”, туку само собира информации за злосторствата и кршењето на воените права и обичаите на војување коишто ги направиле спротиставените страни.
„Ние не можеме да покренеме судски процеси, меѓутоа можеме да ја притиснеме меѓународната заедница”, вели Делпонте.
Комисијата којашто беше основана во 2011 година, составила листа од осомничени за воени злосторства во сирискиот граѓански конфликт кој започна во март 2011 година, во кој според процените на ОН загинале досега 70 илјади луѓе.
Меѓутоа, претставниците на комисијата никогаш не можеа да престојуваат на територијата на Сирија, па првиот извештај го направи во август 2012 година, а беше сочинет на основа на илјада интервјуа со протагонисти на дејствијата и жртви, а вториот извештај се темели на 450 интервјуа.
И двете страни во судирот, односно и силите на режимот на претседателот Башар ал-Асад помогнати од локалните милиции, како и бунтовничките единици, извршиле злосторства против човечноста, убиства, измачувања, силувања, напади во зони во коишто живеат цивили.
Карен Кониг АбуЗајд, една од членовите на комисијaта, за Reuters изјави дека првпат во извештајот директно се споменува Меѓународниот кривичен суд. „Советот за безбедност треба да одлучи дали злосторствата ќе ги проследи до Меѓународниот кривичен суд”, изјави оваа американска дипломатка додавајќи дека таа лично не е оптимист.
Претходно во саботата, поранешната судијка на Меѓународниот кривичен суд, а сега висок комесар на ОН за човекови права, Нави Пилај, изјави дека на сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да му се суди за воени злосторства.
Mакфакс
 
Идентификувани се Сиријците на раководни функции кои би можеле да бидат одговорни за воени злосторства заедно со едини

Пронајдете не на следниве мрежи: