Опасен тренд се шири на ТикТок на кој предупредуваат лекарите: „Уште еден опасно глупав трик кој се појавува секое лето“

Со доаѓањето на потоплите месеци, сите стануваме посвесни за важноста на грижата за својата кожа.
Нанесувањето на креми со заштитен фактор често се истакнува како една од навиките кои нѝ помагаат да го зачуваме здравјето на кожата, но лекарите сè почесто предупредуваат на еден опасен тренд кој се шири на ТикТок, а кој би можел да предизвика дури и рак на кожа.
Трендот стана вирален откако го објави манекенката Ели Витроу од Лос Анџелес.
„Хејтерите ќе кажат дека ова не делува, но уверена сум дека ако нанесете основна крема за сончање со заштитен фактор 30 и крема со заштитен фактор 90 на сите места на кои инаку нанесувате хајлајтер, сонцето ќе го контурира вашето лице“, објаснила Ели, додавајќи дека со тоа „цело лето ќе бидете природно контурирани“.
Но, Националната здравствена служба (NHS) наведува дека не постои „безбеден или здрав начин за постигнување бронзен тен“ и дека истиот не ја штити вашата кожа од штетното влијание на сонцето. Ако не користите заштитен фактор кој ви одговара на тенот на кожата и не ги покривате сите делови на телото, ризикувате да добиете изгореници од сонце или дополнително да ја оштетите кожата.
„Иако употребата на крема со заштитен фактор за контурирање може да доведе до привремени бронзени линии на подрачјето на кое обично користите шминка за да создадете ист ефект, откако ќе избледнат тие линии, можат да ви останат трајни оштетувања на кожата кои се јавуваат во подоцнежното доба“, истакнала д-р Симран Део.
Во разговор за „The Sun“, Џил Нутал, основачка на „Melanoma UK“ – водечка британска добротворна организација за меланом изјавила:

@stopiteliI am convinced this works! ##tutorial ##contour ##summer ##lifehack ##hack ##beautyhack ##snatched ##tiktokwellness ##hiddentalent

♬ original sound – Eli Withrow


„Ова е само уште еден опасно глупав трик од социјалните мрежи, кои се појавуваат секое лето. Кремата за сончање треба правилно да се нанесува по целото лице и телото и под ниту еден услов не треба да се користи како замена за козметички третман. Штетата е огромна, а луѓето и понатаму ризикуваат. Кожата е нашиот најголем орган, но многумина се однесуваат кон неа како таа да не е воопшто важна“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.