Операција „Ѓаково“ среде Бразил! Растурен нелегален синџир, оружје вредно милиони дојде од Хрватска и Словенија

Бразилската полиција растури синџир од милион долари на илегална трговија со оружје од Европа во Јужна Америка, соопшти бразилското Министерство за правда.

Како што наведуваат, компанијата со седиште во Асунсион, Парагвај, наводно увезла илјадници пиштоли, пушки и муниција од неколку европски производители во Хрватска, Турција, Чешка и Словенија.

УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!
Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град. „На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена …
НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклус
Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во Македонија преку која ќе изградиме квалитетни транспортни мрежи во регионот и ќе допринесеме за побрза интеграција со …

Во соопштението се вели дека оружјето вреди околу 225 милиони евра. Наводно, тој бил увезен од Европа во Парагвај, а потоа препродаден на групи брокери кои дејствувале на границата Бразил-Парагвај, кои потоа го препродавале на моќни криминални фракции во Бразил.

Истрагата започна во 2020 година во полициската станица во Виторија да Конкиста во североисточниот дел на Бразил, каде беа уапсени две лица со 23 пиштоли од хрватско потекло и две пушки со муниција и чаури.

После тоа, бразилската полиција покрена операција со кодно име „Ѓаково“, со која беше откриен повеќемилионски синџир на нелегална трговија со огнено оружје од Европа до Јужна Америка.

Според бразилското Министерство за правда, во период од три години, компанијата што ја истражуваат увезла во Парагвај околу 43.000 парчиња оружје во вредност од 1,2 милијарди бразилски реали или околу 225 милиони евра, објави „Јутарњи лист“.

Според полицијата, во тој период на територијата на Бразил биле извршени 67 претреси и запленети се вкупно 659 парчиња оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.