Опожарено возило во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт мол“


Од Бригадата за противпожарна заштита соопштиле дека интервенцијата е завршена, а пред престигнувањето на нивните екипи службите на „Ист гејт мол“ веќе почнале со гасењето на опожареното возило

Денеска попладне во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје било опожарено едно возило, поради што интервенирала екипа на на скопската шротивпожарна бригада.

Возила на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје пред „Ист гејт мол“ / Фото: Архива

Оттаму за МИА информирале дека пожарот го пријавиле посетители на трговскиот центар, по што интервенирале со едно противпожарно возило и шест пожарникари. 

Од Бригадата за противпожарна заштита соопштиле дека интервенцијата е завршена, а пред престигнувањето на нивните екипи службите на „Ист гејт мол“ веќе почнале со гасењето на опожареното возило.  

„Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во ‘Ист гејт’ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари“,

информираат за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. 

Поради пожарот, трговскиот центар бил привремено евакуиран. Причините за пожарот засега се непознати. 

Инаку, претходно денеска скопските пожарникари гасеа пожар во кој изгореа пет автомобили паркирани под Скопското кале на поранешниот полигон за полагање возачки испит. 

Во пожарот немаше настрадани лица и е причинета само материјална штета. 

Од Министерството за внатрешни работи информираа во 13:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Лазар Личеноски“ на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање возачки испит гори сува трева и дека притоа се опожарени пет возила. 

Полициски екипи вршеа увид на местото за утврдување на причините за пожарот. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: