Орбан: ЕУ не треба да почне преговори со Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел не треба да започне преговори за членство на Киев во ЕУ, со оглед на тоа што Украина не е подготвена за тоа.

Вучиќ: Гробот на Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето
Гробот на Јосип Броз Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето во Белград бидејќи Тито е дел од југословенската и српската историја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на идејата …
Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме
ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и …

„Преговорите за членство на Украина во Европската унија не треба да се започнуваат. Прво затоа што не се подготвени за преговори и второ затоа што ние Европејците не сме подготвени да ги примиме“, рече тој.

Орбан смета дека извештајот на Европската комисија дека Киев исполнил четири од седумте услови за почеток на преговорите е лажен и додаде дека Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот.
Тој исто така посочи дека во случај Украина со своето земјоделство да влезе во ЕУ, ќе ја уништи веќе следниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.