Орбан: ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Европската Унија (ЕУ) се обидува да го надмине спротивставениот став на Унгарија, со цел да се одобри нова финансиска поддршка за Украина и да ги започне преговорите за членство.

Лидерите на ЕУ денес ќе се сретнат во Брисел на последниот самит годинава.

(Видео) Цела Италија му се смее на Месина: Прослави победа, па изгуби
Олимпија Милано доживеа уште еден шокантен пораз во Евролигата откако испушти +13 во дуелот со Алба во Берлин, по продолжение.Еден од најинтересните моменти се случи пред крајот на основниот дел. Алба го имаше последниот напад, …
Нови детали за рускиот рекетен напад врз Украина! Повредени голем број луѓе, Путин со беспилотни летала напаѓаше села и градови, Зеленски со итно соопштение! (ФОТО/ВИДЕО)
Нови детали за рускиот воздушен напад врз Киев и Украина.15 лица се ранети во синоќешниот воздушен напад врз Украина, пишува Киев Индипендент.Русија започна комбиниран напад врз Киев и регионот на Киев на 13 ноември – со беспилотни летала …

Сепак, прво, продолжуваат напорите да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањето во врска со Украина.

Според информациите добиени од извори од ЕУ, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, имаа петстрана средба со Орбан пред самитот.

Во својот извештај за проширувањето објавен на 8 ноември, Комисијата на ЕУ препорача почеток на пристапни преговори со Украина.

Подоцна унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе стави вето на оваа одлука којашто треба едногласно да биде донесена во Советот на ЕУ.

Орбан, кој како оправдување за својата одлука ја наведе сериозната корупција во Украина и немањето резултати од западната поддршка во војната, исто така, се противи и на обезбедувањето 50 милијарди евра помош за Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.