Орбан и Трамп синоќа на средба во резиденцијата на екс-претседателот на Флорида

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и поранешниот американски претседател и најверојатно републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори, Доналд Трамп, се сретнаа на Флорида, на имотот на Трамп. Унгарската делегација предводена од Орбан пристигна во резиденцијата на Трамп во петокот во пет часот попладне по локално време, по што следеше разговор меѓу делегациите, пренесува унгарската агенција МТИ.

По средбата Орбан на мрежата икс напиша дека „во светот се потребни лидери кои се почитуваат и кои можат да создадат мир“.

– Тој е таков човек! Вратете се и донесете ни мир господине претседателе! – рече Орбан, додавајќи дека му било задоволство да го посети Трамп.

Предизборниот штаб на Трамп доцна синоќа соопшти дека Трамп и Орбан разговарале за „широк опсег на прашања што ги засегаат Унгарија и Соединетите држави, вклучително и важноста од силни и сигурни граници за заштита на суверенитетот на секоја нација“.

Пронајдете не на следниве мрежи: