Продолжете да се борите, господине претседателе. Вака во објава на социјалната мрежа „Х“ напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го пофали поранешниот претседател Доналд Трамп откако беше осуден, пренесува БТА.
„Знам дека претседателот Доналд Трамп е човек од чест. Како претседател, тој секогаш ја ставаше Америка на прво место, уживаше почит ширум светот и ја искористи таа почит за да изгради мир“, напиша Орбан. „Народот нека го каже својот збор овој ноември! Продолжете да се борите господине претседателе!“
Поротата во Њујорк вчера го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за проневера на пари платени на порно ѕвезда.
Трамп и Орбан редовно разменуваат комплименти во јавноста. Орбан беше единствениот шеф на држава од земја на ЕУ што отворено ја објави својата поддршка за републиканецот уште пред Трамп да биде избран за претседател во 2016 година.