Зеленото смути е многу ефикасно за слабеење и ако редовно го пиете резултатите се загарантирани. Нормално, прв чекор во редукцијата на вишокот на килограми е детоксикацијата.
Ова смути кое се подготвува за неколку минути, истовремено е многу здрав и нутритивно богат напиток. Го алкализира организмот и помага во симнување на вишокот на килограми. За жал, дури 95 насто од луѓето кои се на диета, изгубените килограми повторно набрзо ги враќаат. Ист е случајот и со хемиските препарати за слабеење. За да ги изгубите килограмите трајно потребна е промена во начинот на живот, односно потребно е да се храните здраво. Зеленото смути комплетно ќе ви го исчисти организмот, а за детоксикација се препорачува буквално секому. Доколку редовно го консумирате ќе влијаете на сетилото за вкус, и тоа самото ќе почне да бара здрава и природна храна.
За подготовка на зелено смути потребни ви се: рукола, блитва, спанаќ, марула, магдонос, брокула, краставица, кељ и вода. Се заедно измиксајте и откако ќе добиете кашаст сок, додадете 1 излупен портокал и 50 г малини (свежи или замрзнати зависи од сезоната).
Зеленото смути се препорачува за: подобро варење и редовна столица, го забрзува метаболизмот, го детоксицира и го хидрира организмот, и најважно од се ги топи масните наслаги. Се консумира веднаш по подготовката, а количините се одредуваат во зависност од тоа колку чаши и за колку луѓе го подготвувате.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.