Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи е во дводневна посета на САД каде утре ќе има презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“.
Како што соопшти, МНР, во рамки на својата агенда, денеска тој ќе има средба и со Дерек Шоле, советник во Стејт департментот на државниот секретар Ентони Блинкен во администрацијата на претседателот на САД Џозеф Бајден.
Исто така, предвидена е средба и со помошник администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија, Ерин МекКи.
Пронајдете не на следниве мрежи: