Основачот на Телеграм, Павел Дуров е ставен под судски надзор и мора да плати кауција од 5 милиони евра, соопшти француското обвинителство. Набргу потоа, дописникот на Спутник јави дека Дуров е ослободен и дека со приватен автомобил ја напуштил судската зграда во Париз.
„Дуров е ставен под судски надзор, меѓу другото, со услов да плати кауција од пет милиони евра, двапати неделно да се јавува во полициска станица и му е забрането да ја напушта територијата. на Франција“, се наведува во документот.
Дуров беше обвинет за шест кривични дела, меѓу кои и управување со онлајн платформа за нелегални трансакции на организирана група, за што му се заканува затворска казна од 10 години.
Основачот на Телеграм е обвинет и за:
— Одбивање да се предадат клучевите за шифрирање.
— Соучесништво во дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.
— Извршување на кривични дела како дел од група лица.
— Одбивање да се предадат информации и документи на надлежните органи за прислушување, што е дозволено со закон.
Инаку, бизнисменот остана единствен обвинет во случајот Телеграм.
Според првичните информации, истрагата против Дуров е во тек од февруари годинава.