Останала без коса поради еден производ кој секоја жена мора да го има

Сувиот шампон за многу жени е спас во последен момент кога ќе им е мрсна косата, а немаат време да ја измијат. За жал, приказната на една жена докажува дека во нив нема ништо магично, туку дека може да Ви го уништи животот.
Никол Бекстер верува дека употребата на сувиот шампон ѝ го уништил коренот, поради што на некои места сосема оќелавила, пренесува Космполитан. Кога забележала дека ја губи косата, отишла кај доктор.
“Скалпот силно ме чешаше и се лупеше. Секаде имав црвени дамки и меури така што се чувствував дека скалпот ми гори, дури и ноќе се будев поради болки и непријатности”, раскажала тааДокторите ѝ дијагностицирале триангуларна алопеција и ја пратиле на биопсија на скалпот за да го откријат предизвикувачот на алопеција. Ѝ рекле дека скалпот мора да биде чист за биопсија така што не треба да користи сув шампон неколку дена пред постапката.


Никол тогаш престанала да го употребува шампонот, а во следнитте неколку недели забележала дека скалпот не ја пече повеќе. Кога дошло време за биопсија, докторот забележал дека кожата значително ѝ се опоравува.
“Го спореди мојот скалп со снимките од пред неколку месеци и ме праша што променив. Реков дека престанав да употребувам сув шампон, но сè остана исто. Тогаш беше јасно што е причината за моите проблеми”, додала таа.
И понатаму има подрачја на главата каде е ќелава, а докторите не се сигурни дека косата повторно ќе ѝ порасне. Сепак, сега се чувствува многу подобро така што најави дека никогаш нема да користи суви шампони.
Како што пренесуваа медиумите, сувиот шампон доведува до складирање на супстанции на Вашиот скалп кои го загушуваат коренот на косата. Доколку продолжите да ги користите, супстанциите во слоевите само се зголемуваат и ја иритираат кожата така што доведува до опаѓање на косата. Експертите советуваат дека сувите шампони да се употребуваат секој ден и почесто да се мие косата со обичен шампон за да се опорави скалпот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.