Понекогаш е тешко да се процени како се справуваме во кревет со партнерот, но овие осум знаци се показател за тоа каде сте на скалата за „снаодливост“ во сексот.
Иако не е лесно да се гледате себеси во таа ситуација, а сите ние тајно се прашуваме дали сме „добри“ во сексот и дали доволно го привлекуваме партнерот, еве го одговорот. Овие осум знаци покажуваат дека за вас нема тајни во креветот:
- Имате самодоверба – Ова значи дека без проблем ќе ја оставите светлината, да се појавите потполно гола пред партнерот или да облечете секси долна облека и да чувствувате природно и спонтано.
- Двајцата сте расположени – Кога жената ги турка колковите кон партнерот, тоа значи дека што и да прават мажите во тој момент, го прават одлично.
- Обрнувате внимание – Добриот љубовник секогаш ги следи движењата, воздишките и реакциите на другата личност. На тој начин знае дали нешто работи правилно или не.
- Отворени сте за нови нешта – Испробувањето нови пози генерално значи дека луѓето се добри во сексот. Тоа ја вклучува и предиграта, се разбира.
- Тие се сеќаваат на вас – тоа е многу едноставно! Ако сте имале одличен секс со некого/некоја, секогаш ќе се сеќавате на тоа, затоа што не е лесно да заборавите на одличен љубовник …
- Сакате секс – Ако го сакате и уживате во сексот, шансите се големи и да сте добри во тоа.
- Знаете што ве доведува до кулминација – Личност која е добра во кревет, никогаш нема да зависи само од партнерот. На пример, една жена која го истражувала своето тело и знае како да го достигне врвот, може да го научи истото скоро и на секој маж. Сексуално активната личност не ги остава работите на случајност …
- Сакате да ги задоволите – Добриот љубовник секогаш ужива да дава повеќе отколку да прима, тие секогаш сакаат да го надминат својот партнер во задоволување на едни со други.