Отишол по торта, уплати на лотарија и освои 33 милиони евра: Ден подоцна со еден потег шокираше многумина

Канаѓанец го добил џекпотот „Лото Макс“ од 36,5 милиони американски долари (околу 33 милиони евра), а добитниот тикет сосема случајно го купил во локален супермаркет.

Пјер Ришер од Монтреал дошол во продавницата со својата ќерка за да и’ земе торта, а потоа платил 10 долари за два талони.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, …

Ричер за медиумите изјави дека за добивката дознал ден по извлекувањето. Неговото дете било пресреќно и вриштело од среќа, пренесува USA Today.

И покрај неверојатните вести, тој остана опуштен и продолжи со активностите во денот.

Очигледно, Канаѓанецот не бил „заслепен“ од ненадејното богатство, бидејќи ден подоцна, во понеделникот, се појавил на работа!

Така, човекот направи нешто што на многумина сигурно ќе им биде неверојатно…

„Не можам да ги оставам. Без мене одделот за достава нема да биде ист“, изјави Ричер, кој работи во угостителска компанија.

Можеби изгледа рамнодушно, но 33 милиони евра суштински ќе го променат животот на членовите на семејството.

Ричер открива дека веќе имаат планови со парите.

„Ќе купиме куќа, нов автомобил и ќе одиме на одмор. Во суштина, тоа е сè“, рече тој, нагласувајќи дека ќе продолжи редовно да доаѓа на работа.

На крајот продавницата која го продаде добитното ливче ќе добие провизија од еден процент која изнесува 365.000 долари или околу 333.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.