Денешната собраниска Комисија за труд, на која требаше да се најде измената на Законот за работни односи е одложен, информира пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.
-Власта се плаши од тоа пратеник на Левица да дојде до говорницата, оти не знае каде тоа ќе ги однесе.
Па така, денешната Комисија за труд – на која планираа да воведат 12 часовно работно време – е одложена! Остануваат 1.111 амандмани на двајцата левичарски маченици.
#БорбатаПродолжува – вели Апасиев.
Измената на Законот за работни односи се однесува на барањата на Бехтел и Енка, кои бараат работниците да работат по 12 часа во текот на денот, што е спротивно на моменталниот Закон, а како што објаснуваат од Левица и на Уставот на Република Македонија.
Бехтел и Енка ја бараат измената за навремено завршување на изградбата на Коридорите 8а и 10д, кои ќе ги гради токму оваа компанија.