Откажан настапот на Тино и Атанас во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

НУЦК „Кочо Рацин“ ја известува јавноста преку своите канали за комуникација дека вечерното „стенд ап“ шоу со комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски е откажано. Причина за ова е големата трагедија што го потресе Кочани и целата држава. Сите кои купиле карти ќе можат да ги добијат парите назад, а шоуто ќе биде повторно организирано во иднина. Управата и персоналот на НУЦК „Кочо Рацин“ изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и посакуваат брзо закрепнување на повредените од ужасната несреќа која се случи во кочанската дискотека.
The post Откажан настапот на Тино и Атанас во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: