Откако му се извини на Вучевиќ, средношколците од гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ го исфрлија директорот пред врата

Учениците од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ утрово започнаа блокада на училиштето, изразувајќи незадоволство со директорот Радивоје П. Стојковиќ. Тие бараат јавно извинување од него, како и повлекување на извинувањето што му го упати на српскиот премиер Милош Вучевиќ, по инцидентот со протест на учениците. Директорот, кој наводно предизвикал голема непријатност со своето извинение, сега е блокиран од учениците.

Снимките покажуваат дека директорот се наоѓа пред вратата на училиштето, клекнат и изгледа дека се моли, додека учениците го спречуваат да влезе. Протестот произлезе поради тоа што директорот јавно се извинил на Вучевиќ, поради излегувањето на учениците меќу кои и синот на Вучевиќ, од гимназијата во знак на почит за жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Средношколците, како што пишуваат медиуми, бараат директорот да се извини на нив и на професорите, а исто така да дозволи учениците редовно да излегуваат по 15 минути секој петок за да се оддаде почит на настраданите, без последици.

Пронајдете не на следниве мрежи: