Ќерката на Анабела Атијас сериозно започна да се занимава со музика и во Македонија пред две недели во студиото на Дарко Димитров ја сними својата прва песна.
Победничката на „Задруга 2“ која наскоро ќе ја промовира својата прва песна ненамерно беше издадена од својот пријател Саво Перовиќ дека ќе снимат заеднички.
Младиот пејач неодамна откри дека хонорарот од „Задруга 2“ го потроши на нов автомобил и на нова песна.
-Го потрошив целиот хонорар, купив автомобил и две песни, едната ќе биде само моја, додека другата е дует кој ќе го снимам со Луна. Таа малку ќе почека, бидејќи прво двајцата сами ќе издадеме песни, па потоа и дуетот, вели младиот пејач за српските медиуми.