Доколку за некого кажеме дека „не старее“, тоа дефинитивно е Шакира (46). Доволно е само да ги споредите фотографиите од почетокот на нејзината кариера и сега затоа што разлика во нив речиси и да нема.
Огнената Колумбијка во петтата деценија од животот изгледа дупло помладо, но ништо нема без труд. Станува збор за појадокот без кој пејачката не го започнува денот и кој е заслужен за нејзината форма.
„Појадокот на Шакира се состои од тврдо варени јајца кои обезбедуваат протеини, парче авокадо за подигнување на нивото на масти и малку јаглехидрати од доматите. Сето тоа го зачинува со малку сол и маслиново масло“, вели Ана.
Што се однесува до пијалакот, Шакира сака сок од црвено овошје во кој додава растителни протеини. На нејзиното мени неизоставен дел се супите, особено од домат, морков и ѓумбир.
Кога сака да ужива во омиленото јадење јаде свински колтети и незаситено темно чоколадо.
Формата Шакира ја одржува и со стомачен танц, бокс, тенис и возење скејтборд. Пејачката вежба дури пет пати неделно:
„Сериозна е кога станува збор за тренингот. За неа изгледот е многу важна работа“, изјавила нејзината долгогодишна фитнес инструкторка Ана.