Откриено зошто мајката го фрли бебето од 4-ти кат во Лесковац

Поради сомнение дека го убила своето дете и извршила кривично дело чедоморство, полицијата ја уапсила 29-годишната И.М. од Лесковац и таа, после 48-часовното задржување, ќе биде приведена на сослушување во лесковачкото Вишо обвинителство. Жената се сомничи дека својот 3-месечен син го фрлила од 4-ти кат од зграда во Лесковац.
Се претпоставува дека трагедијата се случила во состојба на растројство на жената со психички проблеми заради кои била хоспитализирана во отворениот дел на Специјалната болница за психијатриски болести во Ниш, а минатиот викенд е пуштена дома за да биде со семејството.
Од неофицијални извори се дознава дека ништо не укажувало на тоа дека жената би можела да направи нешто толку грозоморно. Се претпоставува дека трагедијата е резултат на постпородилна депресија, но и анксиозна состојба со која жената се борела и пред да го роди второто дете. Во моментот на трагедијата, во станот со неа биле и таткото на детето и нивната 5-годишна ќерка, а  од неофицијални информации во полицијата до досега не било пријавено дека имаат некакви семејни проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.