Откриено како „пукнала тиквата“ помеѓу Касело и Гвардиола

Медиумите од Англија пренесуваат дека Жоао Кансело бурно реагирал откако дознал дека нема да биде во стартниот состав против Арсенал во ФА Купот, настанало расправија, а Пеп Гвардиола уште еднаш покажал дека никој не е поголем од клубот.
 

Жоао Кансело е пред преселба во Баерн, Португалецот синоќа пристигна во Минхен откако за кратко време падна договор за негова позајмица на „Алианц Арена“.

Десниот бек го напушта Манчестер Сити и покрај тоа што беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, причина е расправија со Пеп Гвардиола.

Жоао Кансело изминатиов период често изразувал незадоволство поради малата минутажа и „тиквата пукнала“ откако дознал дека нема да биде стартер против Арсенал во ФА Купот по што реагирал бурно.

Пронајдете не на следниве мрежи: