Откриен првиот целосен фосил на „змеј“ стар 240 милиони години



Меѓународен тим научници открил во јужна Кина прв целосен фосил од пет метри долг воден рептил од периодот на периодот тријас кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis.

Др Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кои бил дел од меѓународниот тим кои го проучувал фосилот, вели дека ова е првпат научниците да можат да го видат во целост. Според него, тоа било „многу чудно животно“.

„Имало екстремитети слични на перки, а вратот му е подолг од телото и опашката заедно“, вели научникот.

Фрејзер вели и дека „долгиот, еластичен и флексибилен врат“ со 32 одвоени пршлени, можел да осигури предност при ловењето – овозможувајќи му на Dinocephalosaurus orientalis да ја бара храната во пукнатини под вода.

Фосилот е откриен во древните пластови од варовник во јужна Кина.

„Ова откритие само ја зголемува необичноста на тријасот. И секогаш кога ќе ги погледнеме тие пластови, пронаоѓаме нешто ново“, вели др Фрејзер за  BBC News.

Студијата којашто детално о опишува новооткриениот фосил од ова животно е објавен во научното академско списание Earth and Environmental Science: Transactions of the Royal Society of Edinburgh.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: