„Предложивме промени во Законот за локална самоуправа, не само за општина Гостивар, се работи и за Сарај и некои други општини во кои, според овој закон, треба во ноември или декември годинава повторно да има избори. Сметам дека два пати во годината да имаме избори е само трошок и малтретирање на граѓаните. Доколку градоначалникот во една општина го поминал повеќе од половина од мандаторот треба да се овозможи в.д. градоначалникот да има можност да ја извршува функцијата два пати по шест месеци“, вели лидерот на Алијанса за Абанците, дел од коалицијата „Вреди“
Две вицепремиерски места и пет ресори ќе добие коалицијата „Вреди“ во новата влада. Ова вечерва го потврди и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи дека преговорите во мандатарот веќе се завршиени.
„Ресорите се екологија, здравство економија, социјални политика и евроинтеграции. Заменик-премиер ќе биде тој за добро владеење и транспарентност, но деновиве ќе ги знаеме точните ингеренции на таа функција“,
рече тој.
Таравари вече најави дека ја напушта градоначалничката позиција во Гостивар, како и дека се враќа на министерската функција во здравство.
Според него, веќе се поднесени измени за актуелниот Закон за локална самоуправа, со кој се предвидува дека в.д градоначалник може да биде поставен само во рок од шест месеци.
„Предложивме промени во Законот за локална самоуправа, не само за општина Гостивар, се работи и за Сарај и некои други општини во кои, според овој закон, треба во ноември или декември годинава повторно да има избори. Сметам дека два пати во годината да имаме избори е само трошок и малтретирање на граѓаните. Доколку градоначалникот во една општина го поминал повеќе од половина од мандаторот треба да се овозможи в.д. градоначалникот да има можност да ја извршува функцијата два пати по шест месеци“,
рече тој.
Со тоа, според Таравари, истиот в.д. градоначник ќе има мандат од два пати по шест месеци, решение кое очекува да биде поддржано и од другите партии.
Претседателот на Демократското движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити вчера најави дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, на 19 или 20 јуни, посочувајќи дека веројатно тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, министер за здравство.
„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас ќе извршувам функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот Здравство. Касами повторно ќе се врати во Тетово, за да го доврши мандатот, кој успешно го започна. ‘Вреди‘ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. Деновиве ќе се одлучува за вицепремиерското место за евроинтеграции, кое треба да припадне на Алтернатива за Албанците. Беса, пак, треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика“,
рече Меџити.
Сега тече дваесетдневниот рок за формирање нова влада, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.
Мандатарот Мицкоски изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.
Со двотретинско мнозинство од 88 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието пред два дена го донесе Законот за реорганизација на органите на државната управа, чиј предлагач беше пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и мандатар за состав на новата влада.