Очекувани победи на Манчестер Сити и Реал Мадрид



Бранителот на европската титула, Манчестер Сити очекувано како гостин го победи ФК Копенхаген со 3:1 (2:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а во вторникпт успешен гостин беше и Реал Мадрид, кој во Лајпциг го совлада домашниот тим со 1:0 (0:0).

Сити поведе во Копенхаген со голот на Де Брујне во 10. минута, по одлично проигрување на Фил Фоден, Белгиецот влета во празен простор од десната страна од домашниот шеснаесетник и со прецизен приземен удар ја затресе мрежата. Домашните израмнија преку Матсон во 34. минута, кој погоди од повеќе од 20 метри откако топката среќно се одби право на неговата нога. Претходно, Едесрон лошо расчисти и затоа не успеа навреме да се врати на голот.

Бернардо Силва обезбеди ново водство за гостите во самиот финиш на првото полувреме, а во судиското надополнување на вториот дел Фоден го постави конечниот резултат по одличното двојно додавање со Де Брујне.

Реал стигна до победа во Лајпциг со прекрасниот гол на Брахим Дијаз во 49. минута по одличниот соло-пробив на почетокот на вториот дел.

Во среда првите натпревари ќе ги одиграат Лацио – Баерн и Париз СЖ – Реал Сосиедад, а следната недела на распоред се Интер – Атлетико, ПСВ Ајндховен – Борусија Дортмунд, Наполи – Барселона и Порто – Арсенал.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: