Очилата и чантата чинат околу 4000 евра: Јелена Карлеуша фотографирана во црна комбинација во која ретко ја гледаме

Пејачката е фотографирана во едноставен аутфит во каков во последно време слабо се појавува, но покажа и како можете добро да ги комбинирате едноставните парчиња.
Пејачката Јелена Карлеуша е фотографирана од папараците на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кога се враќала од еден свој настап во странство.
Иако во последно време ги изненадува следбениците на својот Инстаграм профил со своите провокативни стајлинзи, овој пат Јелена пристигна во сосема едноставни црни парчиња со белузлави детали на нејзината пилотска јакна која целосно издоминира над останатите парчиња. Со ова таа покажа дека секогаш можете да го „разбиете“ едноставниот аутфит со само едно впечатливо парче облека.


Но, тоа што останатите парчиња беа посведени не значи дека се помалку важни во однос на јакната. Покрај оваа јакна, Карлеуша носеше и чанта „Dior Saddle“ која чини околу 3.000 евра, додека близу 600 евра вредат очилата Луј Витон од машката колекција на францускиот бренд.


Покрај сето ова, таа искомбинира црни хеланки како и црни кратки чизми со дебела потпетица кои во исто време изгледаа удобно и модерно. Овој модел на чизми може визуелно да ја издолжи ногата, ако добро се искомбинира, а со тоа и да ја скрати доколку не изберете складна висина на потпетица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.