Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години.
како што соопштуваат од ОЈО, осомничениот искористил прилика во која деветгодишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал.
Посочуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.
- 153.000 луѓе евакуирани од округот Лос Анџелес
- Апокалипса! Калифорнија ја напаѓаат библиски поплави и страшна суша: Сезонската граница е изгубена, природата дивее, што се случува!? (ФОТО/ВИДЕО)
- УАПСЕН Е СРБИН ВО ЗВЕЧАН: Му се заканувал на Курти
- Му изгоре куќата, а тој се шегуваше: И Мел Гибсон изгуби сè во пожарот, но сепак останува позитивен (фото)
- Данска му се јави на Трамп: Подготвени се САД да испратат повеќе војници на Гренланд