ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за АП. Таа рече дека нејзината …
Тахири: Оваа Влада во Косово заминува во историјата на 9 февруари
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, смета дека на парламентарните избори на 9 февруари граѓаните ќе гласаат против актуелната влада, која според него е најслабата во …

– Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.