Паднати дрвја, искршени гранки, по невремето проследено со силен ветер и дожд во Скопје

Попладнево Скопје го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер и град.

Во делови од скопските населби Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето. На булеварот Александар Македонски поради гранки отежнато беше движењето на автомобилите.

Силен ветер и дожд во форма на невреме попладне регистрирано и во Кавадаречко, каде жителите на социјалните мрежи се пожалија дека во одредени делови од градот снемало струја.

Од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: